HomeДЕНЕШНАПолитикаКако на акционен филм, украдени гласачки кутии и нападнати студенти

Како на акционен филм, украдени гласачки кутии и нападнати студенти

Преставници на СПУКМ и група на нивни подржувачи ги тргнаа кутиите од местата на гласање низ факултетите на УКИМ и наместо јавно да ги пребројуваат гласовите кои и онака беа малку ги пренесоа во својата канцеларија во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу.

„Украдени се неколку гласачки кутии. Токму поради тоа изборите (за претседател на Студентскиот парламент) се ништовни, што значи дека овие избори не треба да се земат во предвид. Второ, ги повикуваме сите студенти и граѓани, доколку сметаат дека треба да дадат поддршка, да дојдат тука и да ни се придружат. Ние тука остануваме се додека не се поништат изборите“, рече Деа Здравковска од Студентскиот пленум пред канцелариите на СПУКМ.

Против оваа „акција“ реагираа студентите кои се обидоа да го спречат насилното одземање на гласачките кутии, но притоа дојде и до турканици и се разменија удари. Неколку студентки кои беа најупорни да ги спречат нелегитимните постапки се повредени и имаат модрици низ рацете.

Пленумот повикува полиција да интервенира и да ги спречи крадачите на кутиите кои трчајќи влегуваа во студентскиот дом и бараат поддршка од нивните родители и граѓаните.

Претходно обвинија дека организирано се носеле лица кои гласале на изборите за претседател на СПУКМ, а не се од нивните факултети.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com