HomeДЕНЕШНАПолитикаКако гласеше референдумското прашање за независност?

Како гласеше референдумското прашање за независност?

Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија? На ова прашање пред 25 години речиси 95% од граѓаните позитивно се изјаснија на референдумот кој го трасираше патот на независна Република Македонија која во многу турбулентно време се одвои од Југославија. Македонскиот народ одби да биде крваво искористен во југословенските војни и на мирен начин без ниту еден испукан куршум дојде до своја државност.

Прашањето на референдумот за многумина аналитичари во последниве 25 години е контроверзно бидејќи оставаше простор Македонија да влезе во „Мала Југославија“ или тоа што преостана од неа, но историјата отиде во сосема друг правец.

pretsedateli-jugoslavija

Претседателот Киро Глигоров по успешноста на референдумот на главниот плоштад им соопшти на граѓаните: Да ви честитам слободна, суверена и самостојна Македонија.

Денес, 25 години подоцна, поминуваме низ најголемата криза досега со целосна поделба на народот на политички партии. Токму на вакви големи денови треба убаво да размислиме за тоа што сме го стекнале и колку вреди за да го сочуваме.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com