HomeДЕНЕШНАКакво време не очекува денеска?

Какво време не очекува денеска?

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и слаб ветер, претежно од јужен правец. Во западните делови е можна краткотрајна појава на врнежи од дожд. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 7. Дневната температура ќе се движи од 22 до 35 степени Целзиусови.

УХМР информира дека во четврток попладне и во петок Македонија ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса.

Во петок, преку денот ќе дува засилен северен ветер, кој наместа ќе достигнува брзина и над 90 км/час и ќе предизвика значителен пад на дневната температура на воздухот, која наместа ќе биде и за 10 степени пониска во однос на претходните денови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com