HomeДЕНЕШНАКакво време не очекува денеска?

Какво време не очекува денеска?

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне само на крајниот исток ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 30 до 38 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со повремено засилен ветер понекаде во Скопската котлина. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com