HomeАНТИСТРЕСПатувањеКазни за секс на плажа и до 500 евра, туристи внимавајте на законите

Казни за секс на плажа и до 500 евра, туристи внимавајте на законите

Во пресрет на летните одмори кога треба да се опуштите и да отпатувате на некое друго место, внимавајте на законите за да не удрат по вашиот џеб. Ситни задоволства, како скара на недозволено место или секс на плажа, би можеле да ве вратат дома со празен паричник.

Сексот на јавно место се смета за нарушување на јавниот ред и мир и се санкционира со парична казна од околу 150 евра во Хрватска до дури 500 во Шпанија.

Оставање чадор на плажа за да го сочувате местото во Шпанија ќе ве чини 150 евра! А сите оние кои по историксиот дел на Дубровник ќе се шетаат непрописно облечени, односно во костим за капење, ќе платат казна од 66 па до 332 евра. За купување на производи без фискална сметка во Грцја може да ве казнат и до 200 евра. Во Грција туристите кои донесат појалок на базен на кој се наоѓа мини бар се казнуваат со износ од 80 до 15 евра, додека туристичката инспекција сопствениците или ресторанот ќе казнува и со 1000 евра бидејќи овој прекршок се третира како да не издале фискална сметка.

Грците инаку се многу либерални кон туристите, но казнуваат кога возилото се паркира непрописно насред пешачка зона. Во Турција може да ве казнат 100 евра за пушење на аеродром, додека пушње на јавно место каде е забрането во Шпанија може да ве чини од 30 до 60 евра. Во Црна Гора ако возите во алкохолна состојба може да добиете казна од 70 па до 2000 евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com