HomeДЕНЕШНАСветКазни до 9.200 евра на носење бурка – Швајцарија почна да казнува

Казни до 9.200 евра на носење бурка – Швајцарија почна да казнува

Во швајцарскиот кантон Тичино е воведена забрана за носење бурка, а ако се прекрши забраната казната може да достигне и до 9.200 евра, објави британскиот „Дејли Телеграф“. Првиот казна беше напишана за муслимански бизнисмен кој протестирал против забраната.

Законот, кој во петокот стапи на сила, беше изгласан со референдум и забранува облека која го покрива лицето. Нора Или и Рашид Неказ, кои се меѓу најпознатите активисти за правата на муслиманите во Швајцарија, оделе на улиците на Локарно облечени во исламска облека, накратко откако законот стапил на сила. Биле застанати од полицајци кои го казниле Неказ со парична казна од 230 швајцарски франци. Или, која преминала во ислам кога имала 19 години, ќе добие казна од 9000 евра (7700 франци).

Законот за забрана, кој започна како граѓанска иницијатива, беше усвоен со 65 проценти од гласовите во Тичино во 2013 година. Мнозинството жители на Тичино се римокатолици. Законот беше одобрен од локалната влада во ноември, откако федералниот парламент пресуди дека не е контрадикторен на швајцарскиот федерален устав.

Џорџо Гирингели, кој го напишал предлог-законот, вели дека пресудата испраќа порака до „исламистичките фундаменталисти“ кои тврди дека ги има во земјата.

„Оние кои сакаат да се интегрираат се добредојдени, без оглед на нивната религија. Но, тие кои не ги ценат нашите вредности и сакаат да изградат паралелно општество врз основа на религиозните закони, и сакаат да ги наметнат во нашето општество, не се добредојдени“, вели тој за Independent.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com