HomeДЕНЕШНАСкопјеКазнети дивите препродавачи на Зелен пазар

Казнети дивите препродавачи на Зелен пазар

Со помош на полицијата инспекциските служби на општина Центар веќе втор ден ја спроведуваат акција за отстранување на диво поставените тезги и дивите тезги околу Зелениот пазар.

По опомената, дел од дивите препродавачи продолжиле со продажба на индустриски и земјоделски производи на недозволено место, на пристапните патеки и тротоарите околу пазарот. Одземена им е стоката и изречена е глоба во висина од 50 евра во денарска против вредност, според Законот за јавна чистота.

Акцијата се спроведува по барање од граѓаните и нивните поплаки дека не можат да се движат и да дојдат до своите влезови, опасност од ширење на заразни болести и продажба на производи во нехигиенски услови.

Акцијата продолжува и во наредните денови и е во координација со Агенција за храна и ветеринарство, Државен пазарен инспекторат, Инспекција на Град Скопје и службени лица од МВР.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com