HomeДЕНЕШНАСветКазна затвор за сатиричарот кој го исмеа Ердоган

Казна затвор за сатиричарот кој го исмеа Ердоган

 

Германското обвинителство ја разгледува можноста за затворање на сатиричарот кој напиша комична песна за Ердоган каде го навредува и исмејува. Според германските закони Јан Бехерман кој на национланата телевизија ЦДФ го исмејуваше турскиот претседател може да се соочи со три години затвор доколку се утврди дека тој ги поминал границите на рамката со која се ограничува слободата на говорот.

-„Ова дело би можело да биде толкувано како прекршување на членот 103 од кривичниот закон што забранува навреда на органи и претставници на странски земји“, вели портпаролот на германското обвинителство Герд Дојчлер.

Пред да биде донесена одлука дали ќе се гони Бехерман обвинителството во Мајнц каде што е сместена телевизијата ЦДФ ќе се консултира со федералното Министерство за правда за да се утврди дали процесот ќе се води во име на Турција или во име на турскиот претседател Ердоган.

Германската канцеларка Меркел поемата против Ердоган ја нарече „намерно навредлива“ а дваесетина германски гледачи вложиле жалба против Бехерман пред соодветните германски институции.

Поемата на Бехерман кој е познат и по своето исмевање на екс грчкиот министер за финансии Варуфакис, беше објавена откако предходно Германија го отфрли дипломатскиот протест во врска со видео клип емитуван на телевизијата АРД.

Според германското МНР клипот во кој се исмева Ердоган за своите политички чекори е заштитен од правилата за слобиода на говор, што не е случај во поемата на Бехерман.
Турскиот претседател е најсилниот фактор кој што може да и помогне на Европа во обидот да се спречи бегалскиот бран со кој во последниве 18 месеци во ЕУ пристигнаа над два милиони бегалци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com