HomeДЕНЕШНАРепубликаКазна до 50.000 евра заработија четири компании за производство на семен материјал

Казна до 50.000 евра заработија четири компании за производство на семен материјал

Четири компании за производство на семен материјал заработија парична казна од 30 до 50 000 евра од Државниот инспекторат за земјоделство , поради регистрирани неправилности во работата.

Инспекторатот ги засилува контролите на терен. Врши увид на работата на производителите од почетокот на процесот , па се до пласманот на семениот материјал, со цел на земјоделците да им се обезбеди квалитетно семе.

-„Во изминативе 5 -6 месеци инспеткоратот посвети големо внимание на производството на семеен материја. Од вкупно 21 регистриран производител кај четири фирми се констатирани неправилности во работата и тоа во пакувањето, декларациите поради што се санкционирани и им се изречени парични казни“, изјави директорот на Инспекторатот Цветан Трипуновски.

Сите производители имаат обврска кога ќе го собираат житото да го известат Инспекторатот , за да можат надлежните да извршат контрола на квалитетот и на количината која е пријавена како семенски материјал. Од оваа година се воведуваат и посебни вонредни контроли.

-„Македонија има квалитетна пченица, но со вонредните контроли дополнително ќе се потврдува. Уште еднаш апелираме дека инспекторатот ќе ги засили конторлите на терен и нема да дозволиме манипулација било тоа да е од домашните производители или пак од увоз од трети земји, зошто без квалитетен семен материјал не може да има квалитетно производтсво во земјава,“ рече Трифуносвки.

Во регистарот на инспекторатот на земјоделство , вкупно се регистрирани 21 производител на семенски материјал.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com