HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКаде ќе се одржи „Евровизија“, доколку победи Австралија?

Каде ќе се одржи „Евровизија“, доколку победи Австралија?

Дами Им по потекло Корејка, ја претставува Австралија на годинешниот натпревар за Евровизија и имајќи   предвид дека важи за еден од фаворитите, се наметнува прашањето:  каде ќе се одржи следната „Евровизија“ доколку годинава,  победи токму Австралија?

Видеото на Дами Им е меѓу најгледаните евровизиски песни. Но, иако Австралија има право да победи, бидејќи „Евровизија“ е европски фестивал, организаторите нема да дозволат следната година тој да се одржува таму. Според договорот за учество на Австралија, поради нејзината далечина, ако земјата победи, ќе направи партнерство со некоја европска земја и таму ќе биде организиран следниот фестивал. Според предвидувањата, таа земја најверојатно би била Германија, но ништо не е сигурно, бидејќи домаќин би можела да биди и второпласираната земја.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com