HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКаде отиде фудбалот, не очекува нов светски рекорд за дефанзивец!

Каде отиде фудбалот, не очекува нов светски рекорд за дефанзивец!

Англичаните потполно полудеа во овој трансфер период. Пред само две сезони Наполи го доведе Калиду Кулибали од Генк во трансфер вреден 7 милиони евра плус бонуси. Овој стопер во првата сезона во Серија А не импресионираше, но минатата година одигра одлична сезона и го привлече вниманието на бројни клубови од Премиер Лигата.

Прво се појави Евертон со понуда од 50 милиони евра, посакувајќи овој фудбалер да биде замена за Стоунс за кој се знаеше дека ќе го напушти клубот ова лето. Потоа Челси тргна со понуда од 40 милиони евра, но и двете понуди беа одбиени, иако играчот сакаше трансфер во посилна лига.

Наполи му нуди нов договор, Наполитанците сакаат да остане барем уште една сезона, но сега пристигна понуда која не се одбива. Наводно Конте испратил понуда од 70 милиони евра што е блиску до клаузулата за 25-годишниот фудбалер. Доколку се случи овој трансфер, Кулибали ќе стане најскапиот стопер на сите времиња, рекордот до сега го држи Давид Луиз, кој челси го продаде во ПСЖ во трансфер вреден 60 милиони евра.

Kalidou-Koulibaly-Napoli-676202

Кулибали одбива нов договор, па со оваа понуда тешко дека Наполи ќе го задржи во клубот. На Конте му е потребен дефанзивец, бидејќи Тери е престар, Зума имаше тешка повреда, а наводно Италијанецот нема преголема доверба во Кејхил. Доколку се случи овој трансфер ова ќе биде и клубски рекорд за Челси кој до сега најмногу има издвоено 60 милиони евра за трансферот на Фернандо Торес од Ливерпул.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com