HomeАЈНШТАЈНИЈААтласКаде исчезна „златната векна‟ на Јанукович? Никој повеќе не го бара симболот на расипништвото

Каде исчезна „златната векна‟ на Јанукович? Никој повеќе не го бара симболот на расипништвото

Мистериозната „златна векна‟ и други вредности од резиденцијата на симнатиот од власт украински претседател Виктор Јанукович никој повеќе не ја бара. Потрагата е запрена, случајот е затворен, пишува „Спутник‟.

Златната шипка во облик на векна леб, тешка околу два килограми, исчезнала во март минатата година, а за дел од украинската јавност таа била симбол на корупција и на режимот на Јанукович. Украинското обвинителство во „тишина‟ го затвори случајот уште во почетокот на декември во 2015 година „поради недостиг на докази‟, што предизвика сомнеж за тоа дали „златната векна‟ воопшто и постоела.

„Поради тоа имам дилема: или Златната векна и други скапоцени предмети, кои ги виде целата земја, не биле во Меѓугорје, или треба да се казнат тие кои ја затворија кривичната постапка. Вредните предмети исчезнаа, а за вршителите нема обвиненије и не се бараат. Освен тоа, обвинителството дури и не гледа елементи на кривично дело во случај во кој исчезнаа скапоцени работи со милионска вредност‟ – изјави Дмитриј Добродомов, секретар на Антикорупцискиот комитет на Врховната рада на Украина, истакнувајќи истовремено дека тој случај е уште еден впечатлив пример на „ефективност‟ на работата на обвинителството.

„Златната векна‟ најдена е наводно во резиденцијата на Јанукович во Меѓугорје, веднаш по државниот удар во февруари 2014 година и неговото бегање од земјата.
zlatna vekna janukovic 2
Опозициските украински медиуми тогаш објавија кадри кои како што тврдеа, снимени се во резиденцијата на симнатиот украински претседател. Во емитуваните снимки прикажана е луксузно опремена вила со скапоцен мебел, чинии, златници и позлатена тоалетна шоља, која во Украина исто така била користена да се прикаже „расипништвото‟ на симнатиот претседател и како симбол на корупција.

„Златната векна‟ наводно е најдена во работниот кабинет на Јанукович во резиденцијата. Подоцна златарите пресметале дека вредноста на оваа златна шипка се проценува на најмалку 8,5 милиони рубљи т.е. околу 113.000 евра.

Истрагата тврдела дека е најден список на подароци кои Јанукович ги добил за својот роденден на 9 јули 2013 година, а дека тука била запишана и „златната векна‟ која наводно ја добил од Владимир Лукјаненко, претседател на една украинска компанија која се бави со машиноградба.

Јанукович и Лукјаненко таа приказна за подароците и „златната векна‟ никогаш јавно не ја потврдиле. Бизнисменот одбил да зборува за тоа за медиумите, а поранешниот украински претседател ги отфрли тврдењата дека овој златен предмет е најден во неговата резиденција. „Можно е да бил некаде, но не бил тој предмет во мојата куќа‟ – изјави своевремено Јанукович.

„Златната векна‟ по државниот удар стана дел од украинскиот фолклор. Мистериозната „векна‟ Украинците ја „преточија‟ во сувенир, кој бил дури повеќе баран и од позлатената тоалетна шоља.

На туристите почнала понуда на обетки, прстени и магнети во форма на „златната векна‟, а украинските прозападни медиуми продолжија да ја користат секоја прилика покрај името на Јанукович да го спомнат и „неговото‟ драгоцено „лепче‟.
zlatna vekna janukovic 1
„Меѓугорје‟ беше резиденцијата на Јанукович, која тој ја приватизира. Сместена е во околина на Киев, во селото Нови Петровци на брегот на Дњепар.

По февруарската револуција, резиденцијата едно време била отворена за посетители, а новите киевски власти, откако поранешниот претседател го протераа од земјата и го обвинија за сите смртни гревови, го конфискуваа неговиот имот.

Украинскиот суд во јуни минатата година донесе решение според кое земјиштето со површина од 135 хектари, на кое се наоѓа резиденцијата „Меѓугорје‟ се враќа во сопственост на државата. Судот процени дека ова парче земја вреди над 10 милиони долари.

Јанукович беше избран за претседател во февруари 2010 година, а кон крајот на февруари 2014 година ја напушти земјата во текот на масовните демонстрации. Следниот ден украинскиот парламент му ги укина претседателските овластувања.

Тој во есента 2013 година, одби да потпише договор за приближување на ЕУ, по кое почнаа масовни протести за поддршка на евроинтеграциите во Киев и во други украински градови.

По револуцијата и неговиот пад, против Јанукович во Украина беа отворени неколку кривични случаи, а на власт дојдоа прозападни власти, кои се длабоко во корупција и земјата ја доведоа до економски слом. Новите киевски власти исто така покренаа војна против сопственото „неподобно‟ население во југоисточниот дел на земјата и почнаа жестоко да се пресметуваат со своите неистомисленици.

Јанукович кон крајот на минатата година се обрати до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, оценувајќи дека не се почитуваат неговите права да има правично судење во својата земја. Тој поднесе жалба до Судот за Кршење на правата за фер судење и за дискриминација на власта кон политичкиот неистомисленик.

Адвокатот на Јанукович Виталиј Сергјук во март оваа година изјави дека Јанукович е подготвен да се врати во Украина како претседател на земјата и дека ќе бидат преземени правни чекори за тоа. Тој истакна дека процедурата за смена на претседателот била грубо крешење на украинскиот устав.

Сергјук рече дека Јанукович не е на меѓународна потерница и дека може слободно да патува низ светот, но дека во Украина постои опасност по неговиот живот и безбедноста, наведе „Спутник‟.

Спутник – Москва

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com