HomeДЕНЕШНАПолитикаИ прилепската полиција повикува граѓани на „информативни разговори“

И прилепската полиција повикува граѓани на „информативни разговори“

Полицијата низ Мкедонија продолжува со „информативни разговори“. Граѓанските активисти вклучени во протестите на Шарената револуција преку социјалните мрежи информираат дека полицијата продолжува да им врши притисоци. Како што објавува на Фејбук, Јане Ѓоргиоски денеска во полиција во Прилеп бил повикан активистот Жарко Стефановски.

„Нашиот соборец Жарко Стефановски беше повикан во полиција во Прилеп во 14.30 часот. Ние неколкумина бевме со него. За кратко го пуштија и му го одложија разговорот за утре во 10.30 часот. Малтретирањата продолжуваат. Не им се плашиме“, пишува Ѓоргиоски.

Едно од барањата на Шарената револуција е да се се ослободат од домашен притвор граѓанските активисти и да престанат притисоците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com