HomeДЕНЕШНАПолитикаИ велешката ТВ К1 отпушта вработени

И велешката ТВ К1 отпушта вработени

По Нова откази и во велешката телевизија К1. Седуммина вработени од крајот на месецов остануваат на улица, а откази се спремаат за уште неколку вработени, велат за А1он вработени од телевизијата.

ТВ К1 е всушност кавадаречката КТВ 41 која пред повеќе од една година се ребрендираше откако нејзин сопственик стана главниот и одговорен уредник на порталот Курир, Саше Стојановски. Како што пред една година објави БИРН, телевизија К1 како тазе ребрендиран медиум склучила договор со Општина Велес да ги пренесува седниците, а сопственикот на велешката ТВ Здравкин, која до тогаш ги пренесувала седниците обвини дека телевизијата нема опрема за снимање и пренос, но и дека договорот е склучен без јавна набавка, во четири очи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com