HomeРЕФЛЕКТОРФотографија„Итд“ изложба на Недељко Убовиќ утре во „Остен“

„Итд“ изложба на Недељко Убовиќ утре во „Остен“

 

Изложбата која ги опишува глобализацијата, екологијата и социјланта правда на Недељко Убовиќ, утре ќе биде  во просториите на „Остен“. Со почеток во 12 часот делата на српскиот карикатурист ќе бидат достапни за разгледување на сите посетители заинтересирани за темите од глобализација, социјална правда, екологија, итн.

Убовиќ професионално се занимава со карикатура, анимиран филм и илустрација веќе 30 години. Работел за најпознатите весници, списанија, како и ТВ емисии во екс Југославија, а објавил повеќе од 10.000 карикатури. Автор е и на околу 70 анимирани филмови. Бил добитник на многу награди и признанија за карикатура и анимиран филм, од локално до интернационално ниво.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com