HomeДЕНЕШНАСветИталија земја на 8 милиони алкохоличари

Италија земја на 8 милиони алкохоличари

Националниот здравствен институт во Италија излезе со информација дека околу осум милиони Италијанци прекумерено консумираат алкохол. Според овие информации, околу 1,5 милиони од овие лица се на возраст од 11 до 25 години и се под сериозен ризик од здравствени проблеми со текот на времето. Во овој извештај, уште стои дека околу 720 илјади Италијанци влегуваат во категоријата тешки алкохоличари.

На национално ниво се смета дека проблемот со прекумерено конзумирање на алкохолни пијалоци е машки проблем, бидејќи според извештајот 460.000 лица од машкиот пол се вбројуваат во листата на тешки алкохоличари, додека 260.000 од нив се лица од женски лица. Се очекува здравствените установи да започнат да превземаат поинакви мерки, бидејќи само 10 проценти од овие лица побарале помош од доктор.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com