HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИталијанските медиуми: Ибрахимовиќ блиску до трансфер во Милан

Италијанските медиуми: Ибрахимовиќ блиску до трансфер во Милан

Златан Ибрахимовиќ е се подалеку од трансфер во Манчестер јунајтед, а се поблиску до Милан, пренесуваат италијанските медиуми. Неговиот менаџер Мино Раиола ги демантираше шпекулациите дека Швеѓанецот веќе се договорил со Манчестер Јунајтед, истакнувајќи дека има неколку понуди од Англија, Италија, Европа и остатокот од светот.

„Се чини дека на крајот сите ќе се изненадите. Нема да одговарам повеќе на новинарите, бидејќи секогаш поставуваат грешни прашања. Сите мислат дека тој мора да оди во Јунајтед, но тоа не е така. Не брзаме, не мора се да биде готово пред почетокот на Европското првенство“, изјави Раиола.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Ибрахимовиќ сега е многу блиску до враќање во Милан, после четири сезони поминати во Парис Сен Жермен. Според овие шпекулации, Раиола во петокот имал разговори со директорот на Милан Галијани, а Ибрахимовиќ е подготвен да прифати и помала плата. Италијанците сметаат дека се зависи од Кинезите, доколку сопственикот на Милан Силвио Берлускони продаде акции на инвеститорите од Далечниот Исток, тогаш на Ибра повторно ќе заигра на Сан Сиро.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com