HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИталијанскиот ас Џакерини се враќа во Серија А

Италијанскиот ас Џакерини се враќа во Серија А

Емануеле Џакерини кој покажа фантастична игра за италијанската репрезентација на неодамнешното европско првенство ќе се врати во родната земја откако премина од Сандерленд во Наполи.

„Дојдов во важен и престижен клуб. Среќен сум што ќе го носам дресот на Наполи. Со нетрпение го очекувам почетокот на мојата нова авантура. Ќе биде фантастично да се игра на стадионот Сан Паоло“, рече Џакерини.

Џакерини претходно настапуваше за Јувентус во средниот ред со офанзивни задачи, додека пак во Сандерленд не се снајде најдобро како и повеќето италијански фудбалери на кои не им „лежи“ Премиер лигата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com