HomeДЕНЕШНАСветИталијанската крајбрежна стража спаси 1.850 мигранти

Италијанската крајбрежна стража спаси 1.850 мигранти

Според известувањата од Италијансата крајбрежна стража вкупно биле спасени 1.850 имигранти во осум одвоени операции во Сицилијанскиот Теснец, додека се поголем бил бројот на чамци кои тргнуваат од либискиот брег. Брод на крајбрежната стража пресретнал две бротчиња со вкупно 740 лица, додека бродот на морнарицата им помогнал на чамците во кои имало 255 луѓе, се наведува во соопштението, јавува Танјуг.

Рутата ја променил и товарен брод со цел да помогне на група од 117 имигранти, додека брод на морнаричките сили на ЕУ спасил 738 лица кои биле во три чамци. Според податоците на УНХЦР, од почетокот на годинава до крајот на март, околу 17.500 луѓе пристигнале во Италија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com