HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаИсчезна приватен авион со 6 лица во близина на Катланово

Исчезна приватен авион со 6 лица во близина на Катланово

Приватен авион исчезна од радарот кај Катланово. Според информациите кои 24 Вести ги доби од МВР, станува збор за приватен авион кој полетал од Тревизо, Италија со германски ознаки. Во него имало 6 лица, патници и членови на екипажот. Авионот бил пријавен на аеродромот само за дополнување на гориво, меѓутоа како што информираа од полицијата околу 17 часот и 40 минути неговиот сигнал бил изгубен од радарот на 10 километри од пистата, во близина на Катланово. МВР соопштува дека се преземаат мерки за пронаоѓање на авионот и неговиот екипаж. На терен е забележано присуство на три екипи брза помош, противпожарни единици како и зголемено присуство на полицијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com