HomeАЈНШТАЈНИЈААтомИстражување: Темното пиво со посебни лековити својства

Истражување: Темното пиво со посебни лековити својства

Темното пиво содржи ензим кој е исклучително благотворен по здравјето, тврдат германски стручњаци од Технолошкиот универзитет во Минхен. По истражувањата е заклучено дека во малите, лепливи зрнца хмељ се наоѓа ензимот ксантохумол, поприсутен во темното отколку во светлото пиво, кој има поизразени анти-канцерогени својства дури и од витаминот Е.

Ензимот содржи и бета глукани, растворливи влакна кои го штитат срцето, а во умерени количини се намалува и ризикот од тромб.


Ксантохумолот му помага на организмот да се ослободи од канцерогени материи, а функционира на тој начин што му смета на делувањето на цитохромот Р-4, кој може да го активира канцерогениот процес. Истовремено, помага при намалување на канцерогените материи, стопирајќи го растењето на туморот во рана фаза. Пивото, особено темното, наскоро би можело да стане и лек, а не само задоволство, истакна д-р Вернер Бек, стручњак за технолошкиот состав на пивата.


 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com