HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИсторија! Велс ја прескокна и Белгија, познато првото полуфинале!

Историја! Велс ја прескокна и Белгија, познато првото полуфинале!

Велшаните се апсолутен хит на ова првенство, а тоа го докажаа и со денешната победа против Белгија пласирајќи се во полуфиналето на ЕВРО 2016, што е прво полуфинале за некој британски тим од 1996 година! Бевме сведоци на фантастичен натпревар во Лил, на кој на крајот гледавме голема прослава на фудбалерите на Велс кои стигнаа до најголемиот успех во историјата на оваа држава.

Велс и Исланд се единствените репрезентации кои успеаја да постигнат погодоци на сите натпревари на ова првенство, двете репрезентации се најголемото изненадување на шампионатот. Тоа Велшаните го докажаа и денес елиминирајќи ја Белгија со 3:1 во четвртфиналето на Европското првенство во натпреварот кој се одигра во Лил.

Stadion

Натпреварот не започна добро за Велс. Белгија на самиот почеток покажа дека се наоѓа во одлична форма, имаа неколку добри прилики, но Велшаните одлично се бранеа. Највпечатлив детал на почетокот беше ударот на Караско, па потоа обидите на Азар и Муние, но во сите три ситуации играчите на Велс се најдоа во блокот. Во 13 минута го видовме најубавиот момент на натпреварот до тогаш, Азар му ја додаде топката на Наинголан, а тој со фантастичен шут ја „скина“ мрежата на Велс за водство на Белгија од 1:0.

Naingolan

Во првиот дел од првото полувреме подобра беше Белгија, за потоа Велс некаде од 25 минута да ја преземе иницијативата и да тргне кон голот на Куртоа. Најдобрата акција ја имаа во 26 минута кога после асистенција од Ремзи Тејлор шутираше, но Куртоа одлично одбрани. Ова беше најдобрата прилика за Велс до тогаш, а потоа постигнаа погодок.

Следеше голема грешка во одбраната на Белгија, Лукаку и Денаер го оставија сам Ешли Вилијамс кој постигна погодок за 1:1 во 30 минута од натпреварот.

De Bruin-gol

До крајот на плувремето немаше шанси, а на самиот почетокот на вториот дел Белгија повторно започна фуриозно. Лукаку, Азар и Де Брујн се најдоа во шанса, не им даваа мир на Велшаните кои се ослободија во притисокот дури во 55 минута и тоа на вистински начин со погодок!

Герет Бејл ја започна акцијата, испрати фантастична топка кон Арон Ремзи, а тој му додаде на Робсон-Кану кој со феноменална финта се ослободи од противничките дефанзивци и постигна фантастичен погодок за целосен пресврт и водство на Велс од 2:1.

Robson Kanu

Белгијците во продолжение со сите сили напаѓаа кон голот на Хенеси. Алдервајлд испрати топка до Фелаини кој не успеа да погоди со глава во 75 минута од средбата. Како што истекуваше времето речиси сите фудбалери на Белгија се преселуваа на половината на Велс, но Велшаните одлично беа групирани.

Џордан Лукаку го напушти теренот, а на негово место влезе Дис Мертенс, што доволно зборуваше за желбите кои ги имаше селекторот Марк Вилмотс. Подоцна влезе и Бачуаи на местото на Лукаку, но Велшаните беа премногу прибрани во сопствениот шестнаесетник, а потоа следеше нов голем шок за Белгијците.

Гантер одлично во проигра Воукс од десната страна после една контра, а овој со глава го измами Куртоа и погоди за конечни 3:1, елиминација на Белгија и историско полуфинале за Велс каде ги чека репрезентацијата на Португалија.

Велс Прослава

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com