HomeДЕНЕШНАСветИсламска држава егзекутирала 15 свои членови во Сирија

Исламска држава егзекутирала 15 свои членови во Сирија

Исламска држава убила 15 свои членови во близина на Рака во Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Според Сирискиот центар, со седиште во Лондон, ова е најмасовната егзекуција од страна на ИД на нејзини припадници досега. На убиствата им претходеле апсења на 35 членови на ИД во Рака, кои се извршени во врска со ликвидирањето на Абу Хиџа ал Тунизи, висок раководител на ИД, кој загина минатата среда во воздушен напад.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com