HomeДЕНЕШНАПолитикаИсказот на екс министерката Гордана Јанкуловска прекинат

Исказот на екс министерката Гордана Јанкуловска прекинат

 

Распитот на осомничените во предметот „Тврдина“ кој траеше повеќе од два часа, меѓу кои и ексминистрката Гордана Јанкуловска, двајца началници од УБК и архиварка од Петатта управа за кои Специјалното јавно обвинителство предложи мерки за претпазливост. Ексминистерката Јанкуловска со својот адвокатски тим од судот излезе на споредниот влез, откако беше прекинат нејзиниот исказ бидејќи му се слошило на судијата и веднаш пристапи Брзата помош.

Јанкуловска очекува СЈО да отвори уште многу случаи, но најбитно е колку и на кој начин ќе ги затвори. Таа кажа дека не се чуствува виновно за ниедно сегашно ниту следно обвинение.

Инаку, најновиот случај со име „Тврдина“, кој го отвори СЈО, се однесува на незаконско уништување на опрема на Министерството за внатрешни работи за следење на комуникациите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com