HomeДЕНЕШНАСветИСИС поразена во родниот град на Гадафи во Либија

ИСИС поразена во родниот град на Гадафи во Либија

Силите на меѓународно признатата либиска влада доцна синоќа успеаја да го ослободат пристаништето на градот Сирт од борците на џихадистите од ИСИС. Либиските сили пред еден месец започнаа офанзива за преземање на контролата врз Сирт и протерување на терористите од регионот за да не им се укаже шанса да креираат свое упориште како во Рака, Сирија.

Портпаролот на либиската армија, генерал Мохамед Гусри, изјави дека лидерите на ИД избегале во пустината, но дел од борците сè уште се блокирани во центарот на градот. Сирт, кој е родно место на соборениот либиски лидер Моамер Гадафи, се сметаше за едно од најважните упоришта на екстремистичката организација надвор од Ирак и Сирија. Градот беше заземен од ИСИС пред една година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com