HomeДЕНЕШНАСветИСИС го губи Мосул, напаѓа во Рамади

ИСИС го губи Мосул, напаѓа во Рамади

Ирачката војска и локалните милиции поддржани од коалицијата предводена од САД одбила голем од борците на екстремната сунитска организација Исламска држава (IS) јужно до градот Мосул, додека џихадистите убиле најмалку 17 ирачки војници во самоубиствен напад недалеку од градот Рамади, пренесуваат во четвртокот агенциите.

Мосул е вториот град по големина во Ирак, во северната покраина Нанива кој од 2014 година е фактички главно упориште на Исламската држава во оваа земја. Ирачките војски водат операции против џихадистите во повеќе региони на покраината, а веќе неколку месеци се подготвуваат за преземање офанзива за заземања на Мосул.

„Од четвртокот утрото борците на Исламската дражва се обидуваат да нападнат од неколку правци, нашите единици со помош на племенските милиции и авијацијата на меѓународната коалиција го одбија нападот. Загубите на непријателска страна изнесуваат 63 убиени лица“, изјави началникот на штабот на ирачките сили во покраината Нинава, Наџем ал-Џабури.

Претходно портпаролот на Велата куќа, Џош Ернест, истакна дека се исполнети условите за ослободување на Мосул, и оти до крајот на годината треба да завршат подготовките за офанзивата врз овој град.

Исламистите, исто така, во четвртокот извршиле напад со камион бомба недалеку од Рамади во голем напад врз владините сили кои ја преземаа контролата над овој западен град ланскиот декември, соопштија воени претставници. Убиени се најмалку 17 војници.

Нападот во близина на Рамади ѝ зададе најтежок удар на војската откако пред пет месеци успеа да ги истисне џихадистичките сили од градот.

Исламската држава убила и двајца полицајци и ранила осум во два самоубиствени бомбашки напади во Аби Граиб, предградие на ирачката престолнина Багдад, ден откако во нападите врз пазар и два контролни пункта во шиитските квартови уби најмалку 94 луѓе, а повеќе од 150 се ранети.

Макфакс

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com