HomeДЕНЕШНАСветИрак: Фатено момче-бомбаш момент пред експлозијата

Ирак: Фатено момче-бомбаш момент пред експлозијата

На интернет се појавија потресни фотогреафии и видео-снимка на која се гледа како полицијата во Ирак го трга појасот со експлозив од телото на вознемирено момче старо 12 или 13 години, пренесуваат британските медиуми. На снимката е прикажано како полицијата се бори со момчето кое е видно вознемирено.

Овој млад член на самонаречената Исламска Држава, кој на себе имал мајца од фудбалскиот клуб Барселона со слика од Лионел Меси позади, наводно започнал да плаче кога полицијата на Ирак го фатила во Киркук, северно од Багдад. После кратка борба, појасот со експлозив му бил одземан, а тој бил приведен. Полицијата на Ирак тврди дека момчето сакало да го активира експлозивот пред една од шиитските џамии.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com