HomeДЕНЕШНАСкопјеИнфраструктурата во поплавените подрачја се враќа во нормала

Инфраструктурата во поплавените подрачја се враќа во нормала

Инфраструктурата во поплавените подрачја во Скопје со забрзано темпо добива реконструкција и враќање во функција со тоа што на терен се екипи на повеќе јавни претпријатија и градежни изведувачи. Се реконструираат патните врски, се поставува водовод и канализација, а потоа ќе се враќаат и комуникациските системи.

asfaltiranje-ulici-stajkovci-17-09-2016-1

Градоначалник Коце Трајановски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски извршија обиколка во населеното место Стајковци кое беше едно од најсилно погодените. Ситуацијата во селото е нормализирана, улиците се целосно расчистени и сега се работи на санација на патната инфраструктура, водоводните и канализационите системи.

На терен работат екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ кои во текот на денешниот ден завршија со асфалтирање на три улици во Стајковци, а подготвени за асфалтирање се дополнителни 11 улици, чиешто асфалтирање ќе се изврши деновиве.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски информираше дека за санација на улиците и за подземната инфраструктура од владата ќе бидат издвоени околу 6 милиони евра. Дополнителни средства од 6 милиони евра се наменети за реконструкција на скопската обиколница, која доживеа тешки оштетувања во делот кај селото Стајковци. Од Градот Скопје за реконструкција на инфраструктурата во поплавените подрачја беа алоцирани 150 милиони денари од локалниот буџет.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com