HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИнтер доведе големо засилување, Манчини на излезните врати?

Интер доведе големо засилување, Манчини на излезните врати?

Се чини дека работите лошо се одвиваат за тренерот на Интер, иако посакуваното засилување е на прагот, сепак се чини дека тој нема уште долго да го води овој клуб. Манчини е незадоволен, незадоволни се и сопствениците. Не им се поклопуваат идеите во овој трансфер период, вчера тренерот на Интер го призна поразот во обидот да се доведе Јаја Туре од Манчестер Сити. Наводно Кинезите кои го купија поголемиот дел од Интер сметале дека Туре е престар за Интер за да потрошат толкава сума на пари на него.

Тие наместо тоа ќе му платат 40 милиони евра на Спортинг за Жао Марио, па одличниот Португалец веќе следната недела би можел да го засили Интер. Италијанските медиуми сметаат дека трансферот е готова работа, но прашање е дали Манчини ќе го дочека момчето кое стана Европски првак минатата недела. Имено, тој разговарал со еден од директорите на клубот, но не сакал да ја открие причината за разговорот иако потврди дека не бил во прашање трансфер периодот. Договорот му истекува на крајот на сезоната, нов договор не му е понуден, иако тој смета дека тоа е небитно.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com