HomeДЕНЕШНАЕкономијаИнтернет портали се извинија на Андреја Јосифовски од Макпетрол за изнесени невистини

Интернет портали се извинија на Андреја Јосифовски од Макпетрол за изнесени невистини

Неколку интернет портали денес објавија текстови со јавно извинување до претседателот на Управниот одбор на АД Макпетрол, Андреја Јосифовски, во кое се повлекуваат од претходно објавените написи со кои се изнесуваат невистинити наводи за него и компанијата. Во ваквите написи, објавени на 22 јули, беа изнесени клевети и неточни информации за наводна офшор-фирма во сопственост на Јосифовски, со што му е нанесена штета на угледот и достоинството на претседателот на управниот одбор на Макпетрол. Адвокатскиот тим на Јосифовски испрати писмо со реакција до овие портали, по што тие го објавија извинувањето.

Текстовите во кои се изнесуваат лаги за работењето на Макпетрол и неговиот менаџерски тим во последните месеци се појавуваат сè почесто на дел од македонските интернет портали, што ги засилува сомневањата дека во тек е смислена и нарачана медиумска кампања за оцрнување на компанијата и нејзиното водство. Серијата објавени клеветнички текстови во изминатите месеци го предизвикаа менаџментот на Макпетрол да преземе правни мерки и да поднесе тужби против медиумите кои ги објавуваат.

Последниот случај со извинувањата за објавените невистини се само потврда на сомневањата за нарачана кампања, а во конкретната ситуација сè укажува на тоа дека зад неа стојат луѓето поврзани со анонимната компанија „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“, кои се обидуваат да го преземат Макпетрол. Соочени со новинарските истражувања и основаните сомневања за нивна вмешаност во матни зделки во минатото, кои тие не ги демантираа во ниеден момент, луѓето поврзани со оваа офшор-фирма се обидуваат со платени текстови да ја амортизираат негативната слика што се создаде во јавноста за нив. Во ваквите обиди, сомнителните руско-украински бизнисмени посегнуваат по целосно лажни и невистинити, клеветнички наводи кои немаат допирни точки со новинарството и со информирањето.

Раководството на Макпетрол најавува дека и во иднина ќе ги преземе сите правни средства кои ги има на располагање и одлучно ќе застане во заштита на угледот на компанијата и нејзиниот менаџмент.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com