HomeГИГА БАЈТСмартфонИнстаграм ги израдува корисниците со нова опција

Инстаграм ги израдува корисниците со нова опција

Корисниците на Инстаграм наскоро ќе добијат опција која ќе им преведе одреден текст од странски јазик. Функционира така што покрај објавите и профилите кои не се на јазикот кој тие го одбрале, во подесувањето се наоѓа и посбена опција. Тоа сепак не се однесува на индивидуалните коментари и засега не е познато дали и тие ќе можат да се преведат, јавува Phone Arena.

Последните години Инстаграм собра голем број на корисници, а неделава Марк Зукерберг се пофали дека бројката се искачила на половина милијарда. Дневно го посетуваат дури 300 милиони корисници. Поради тоа развојниот тим воведува нови опции и смислува подобрување на постоечките, а една од големите промени во последно време е и онаа со дизајнот и логото на апликацијата.

Големото влијание на опциите кои се додадени има и на Фејсбук, кој пред неколку месеци стана „газда“ на купувањето на тие апликации. Новата опција би требало да проработи од следниот месец.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com