HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамИнженер на Фолксваген ја призна вината за манипулациите, падна првата судска пресуда

Инженер на Фолксваген ја призна вината за манипулациите, падна првата судска пресуда

Инженерот на Фолксваген, Џејмс Роберт Лианг ја призна вината во измамата за која се товари оваа компанија. Пресудата ја донел федералниот суд во Детроит и станува збор за првата пресуда во врска со одговорните за скандалот со манипулирањето со издувните гасови кај дизел моторите на Фолксваген, што беше откриен пред една година.

Лианг се согласи и на соработка со ‘ловците на други глави’. Него му се заканува петгодишна затворска казна, но благодарејќи на соработката би требало да добие помалку.

Фолксваген се согласи да плати 16,5 милијарди долари оштета во САД за 428 илјади возила. Лианг учествувал во изработката на спорниот софтвер кој во 2008 година бил префрлен од Германија во САД. Во тужбата се наведува дека конкретно работел на моделите „џета“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com