HomeАНТИСТРЕСГурманИндонезиска кујна ќе се вкуси и во Скопје

Индонезиска кујна ќе се вкуси и во Скопје

Јавна соба продолжува со социјалната програма за кулинарско издигнување, односно запознавање на други култури преку организирани кулинарски презентации. На 28. јуни со почеток од 20:00 часот на репертоар е индонезиска кујна, презентација која за прв пат се случува во Македонија. Ритуалот на конзумирање на храната од овој тип налага уживање во текот на целата вечер, и од тие причини бројот на седишта во Јавна соба е лимитиран. Оние кои сакаат да се запознаат со техниките на пригoтвуање на храната на 29. јуни  ќе можат да учествуваат на работилницата за приготвување на индонезиска храна предводена од Пол Хотхаузен.

indonesian-cuisine 1

Индонезиската кујна се буди во осумдесетите години на минатиот век. Заснована на традиција и специфични вкусови, се модернизира, афирмира преку светски медиуми и станува атрактивна за гурманите од целата планета. Основата на оваа кујна е  разновидна, свежа храна приготвена со зачини и избор на повеќе видови месо и зеленчуци. Кујната е комплетна рефлекција на географската положба и структура. Индонезија е групација на 6.000 острови, повеќе од 300 етникуми кои како резултат имаат повеќе од 5.300 национални рецепти за храна. Сервирањето на храната за овој настан е поврзано со географијата на Индонезија. На пример главното јадење кое го приготвува Пол Хотхаузен за овој настан наликува на Индонезија, гостите ќе можат да искусат  10 различни порции со месо, зеленчук и сос.

Paul Hothuizen foto

Јавна соба започна едногодишен проект на кулинарско издигнување и во рамки на истиот ќе организира серија на гастрономски претставувања на разновидни кујни кои не се застапeни во редовната ХОРЕКА понуда во земјава.

За сите заинтересирани кои сакаат да го почувствуваат вкусот на  Индонезија можат да резервираат маса во Јавна соба

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com