HomeДЕНЕШНАСветИндија: Потонат чамец, 18 мртви

Индија: Потонат чамец, 18 мртви

Спасувачите извлекле 18 тела од реката во индиската држава Западен Бенгал во која за време на селскиот панаѓур потонал чамец полн со патници. Чамецот, кој потонал во саботата навечер, ги превезувал селаните кои се враќале дома од панаѓур, иако екипажот ги предупредил дека чамецот е преполн.

Чамецот бил нестабилен и потонал на местото каде струјата е појака. Спасени се повеќе од десет лица, а спасувачката операција е завршена денес. Ваквите несреќи во Индија не се реткост, бидејќи мерките за безбедност се многу слабо почитувани.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com