HomeГИГА БАЈТПЦИндија: Затворска казна за симнување филмови од торент

Индија: Затворска казна за симнување филмови од торент

Некои земји веќе воведуваат ригорозни казни во врска со торент сајтовите и пиратските содржини, а Индија „ги премина сите граници“.

Имено, сите оние кои што ќе посетуваат торент сајтови или сајтови за пиратска содржина кои што се забранети од Владата во Индија, би можеле да завршат во затвор или пак да платат казна од 4,468 долари. Накратко, Владата на Индија не сака своето население да користи пиратска содржина.

Индиската Влада веќе има блокирано неколку популарни торент сајтови во земјата, но луѓето и натаму ги посетуваат блокираните сајтови благодарение на разни методи. Една од тие методи е промена на IP адресата со користење на VPN.

Порано, кога некој сакаше да ги посети пиратските, блокирани сајтови, се појавувала порака која ги известувала посетителите дека веб страницата е блокирана од владата на Индија. Сега, наместо таквата „блага“ порака, се појавува порака со детално објаснување со какви последици можат да се соочат посетителите доколку користат пиратска содржина – затворска казна до три години и висока парична казна.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com