HomeДЕНЕШНАПолитикаИма договор: Избори на 11-ти декември, познат и петтиот член на Ад Хок телото

Има договор: Избори на 11-ти декември, познат и петтиот член на Ад Хок телото

По неколкучасовни преговори во Клубот на пратеници, лидерите потписници на договорот од Пржино, се договорија Љуљзим Хазири да биде петтиот член на Привремената комисија за следење на медиумското претставување. Хазири е дописник на МРТВ од Гостивар.

Ова би значело дека изборите да се одржат на 11 декември. До крајот на неделата треба се изгласа преодна влада, којашто ќе раководи се до изборот на новата влада на овие предвремени парламентарни избори. Според непотврдени информации, министер за внатрешни работи во преодната влада повторно ќе биде Оливер Спасовски од СДСМ.

Амбасадорот Џес Бејли им се заблагодари на новинарите за својата улога и изрази задоволство за постигнатиот договор. Тој истакна дека ова е важен чекор за решавање на политичката криза во земјата. Ќе се погрижиме да има слободни избори и граѓаните да гласаат без страв на претсојните избори. Тој истакна дека сите треба да си ја одиграат својата улога за да се одржат фер и демократски избори.

Зоран Заев по излегувањето изјави дека избори ќе има на 11-ти декември и дека македонските граѓани ќе изберат дали сакаат да живеат во нормална или во криминална држава. Заев истакна дека денеска се исполнети условите за фер и демократски избори. Тој рече дека мора да се вратат младите во оваа земја. Исто така истакна дека не смеат да се осмелат да го чепнат Специјалното јавно обвинителство.

Претходно денеска, Груевски пред новинарите изјави дека не се согласува со предлозите на СДСМ, но ќе ги прифати за, како што рече, да не остави можност да се одложат изборите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com