HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИкарди го донесе Интер на четвртата позиција во Италија

Икарди го донесе Интер на четвртата позиција во Италија

Photo by Paolo Bruno/Getty Images

Фудбалерите на Интер успеаја да слават против Фросиноне со резултат од 1:0, во првиот натпревар од 32 коло од Серија А. Интер се мачеше на гостувањето се до средината на второто полувреме кога Икарди ја искористи асистенцијата на Иван Перишиќ и го постигна единствениот погодок на тој натпревар. Напаѓачот на Интер одлично скокна после центаршутот на Иван Перишиќ и од некои десетина метри оддалеченост од голот го погоди горниот десен агол кој го чуваше Леали.

Првото полувреме помина во доминација на гостинската екипа, но сепак немаше голови, најдобрите шанси ги пропуштија Џонатан Бијабијани и Иван Перишиќ, додека од друга страна, Алесандро Фрара пропушти да ги казни промашувањата на гостите. После овој триумф избраниците на Роберто Манчини се искачија на четвртото место на табелата со 58 поени, два повеќе и натпревар повеќе од петопласираната Фиорентина, додека Фросиноне остана на претпоследната позиција со 28 поени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com