HomeДЕНЕШНАСветИзраел со подземен ѕид ќе го брани Појасот Газа од Хамас

Израел со подземен ѕид ќе го брани Појасот Газа од Хамас

Израел почна да гради подземен ѕид околу Појасот Газа за да спречи Хамас да копа тунели, објавија израелските медиуми.

– Изградбата почна долж сите градови за кои се смета дека се наоѓаат до границата со Газа, објави порталот Ynet. Исто така, порталот објави и видео материјал на кои се гледа тешка машинерија како извршува работи долж границата.

Израелското МО наводно планира да изгради подземен ѕид околу Газа за да спречи припадниците на Хамас да градат тунели до територија на Израел, но Владата во Тел Авив тоа не го потврди ниту демантира, јавуваат западните медиуми. Порталот Ynet објави дека оградата ќе има сензори што ќе може да откријат кога се вршат ископи. Ѕидот е планирано да биде долг 60 км.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com