HomeДЕНЕШНАСветИзраелски хакери пробија заштитен канал на ИД

Израелски хакери пробија заштитен канал на ИД

Израелски хакери од ИТ компанијата Инсаитс успеале да влезат во заштитен канал на комуникација на припадници на Исламска држава на апликацијата Телеграм со 500 членови каде биле упатувани насоки за идните нападите на терористите.

Комуникацијата била општа и не се наведувале конкретни датуми или пак места на напад, туку со генерални насоки приврзаниците добивале идеи каде може следно да извршат терористички акти.

Ова е само мал дел од интернет комуникацијата на ИД која се изведува преку „црни“ канали и има силна заштита, па не секој може да влезе во каналите. Меѓу местата за напад се знаело и за црквата во Франција, а се наведени и американски бази од кои се изведуваат летови со дронови и авиони кои напаѓаат мети на ИД во Сирија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com