HomeАНТИСТРЕСЖуркиИзненадување: Роџер Санчез на Д Фестивал

Изненадување: Роџер Санчез на Д Фестивал

Амбасадорот на денс музиката и „Греми“ наградуваниот продуцент и диџеј РОЏЕР САНЧЕЗ го потврди својот настап на главната бина на Д ФЕСТИВАЛ!

Еден од водечките светски артисти во денс и хаус музиката со статус „господар на жанрот“, на големата сцена на Д ФЕСТИВАЛ ќе го претстави својот секогаш актуелен звук поради кој стекна армија фанови, меѓу кои и останатите ѕвезди од сцената кои го направија познат и како „DJ’s DJ“ и „Producer’s producer“. Минатата година се покажа како една од најкреативните и најактивните години за Роџер Санчез, продолжувајќи го успехот на неговиот S-Man псевдоним, а по подолго време и првите изданија под неговото име, како што е огромниот успех на синглот „Remember Me“ кој од фаворит во листата на Пит Тонг (Pete Tong’s Essential New tune) за кратко време прерасна во глобален радиски и клупски хит.

Покрај светските артисти и огромниот број претставници на македонската сцена, Д ФЕСТИВАЛ оваа година ги собира и најатрактивните музички имиња од регионот. На главната бина, покрај веќе потврдените изведувачи од регионот, ќе настапи и најголемиот хрватски претставник на панк рок естетиката, бендот ХЛАДНО ПИВО предводен од Миле Кекин кои ќе настапат на Д ФЕСТИВАЛ во рамки на нивната голема балканска турнеја со новиот албум „Dani zatvorenih vrata“! Познати како мајстори на настапите во живо, со секогаш исполнети и енергични настапи, не се сомневаме дека Хладно Пиво на нивниот концерт во Дојран ќе приредат вистинско панк рок ужување.

Д ФЕСТИВАЛ годинава ќе се одржува до 15 до 17 јули во Дојран. ПокрајROGER SANCHEZ и ХЛАДНО ПИВО, своите настапи веќе ги потврдија GOLDIE, TOY DOLLS, DUB PISTOLS, ЧИСТА ОКОЛИНА, BERNAYS PROPAGANDA, ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ, ОБОЈЕНИ ПРОГРАМ, LOLLOBRIGIDA, ФОЛТИН, SETHSTAT & МИРКО ПОПОВ, CONQUERING LIONи HYPNOTIZED на главната бина,THE PROJECT ORPHEUS, THE RED STEP, ФОНИЈА, ПАРКЕТИ, MILLKO, LEPI XHONI, САМОСТАЛНИ РЕФЕРЕНТИ, ПАЛИНДРОМ, KËPURDHAT, LEITMOTIF, MARKO GREYHOUND, ANNA O, METANOIA и PAPRIKAPAPRIKA на Mosquito Stage, MKDSL, ANDREAS HZ, MARTCHIN, MITRIK, LTX, MAGGIE, SAMARDZISKI. D.LITE, ДАРКО СТЕПИЌ, HYPERTECH, OGIE, PUKKA, HANSSHC и TECKTONE на LakeAwake Stage. Наскоро ќе бидат објавени уште многу други изведувачи и гости учесници кои ќе го одбележат шестото издание на Д ФЕСТИВАЛ!

Во моментов актуелна е и продажбата на најповолните т.е. earlybird влезници за Д ФЕСТИВАЛ, кои се достапни само во ограничен број. Сите информации за влезниците се достапни овде.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com