HomeДЕНЕШНАРепубликаИзмамници собираат донации во име на МПЦ

Измамници собираат донации во име на МПЦ

Непознати лица претставувајќи се во име на МПЦ собирале донации по куќи и станови во Скопје за поплавените подрачја. Станува збор за измама, на која предупредува Скопската епархија. МПЦ посочува дека донациите кои се собираат се исклучиво во храмовите.
otec bobi
– ИЗВЕСТУВАЊЕ: Забележани се примери, како поединци во името на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија или некој храм при МПЦ-ОА, собираат по домови донации за настраданите во поплавите, велејќи дека се испратени од некој храм или свештеник. Вашите донации се примаат само во храмовите, напиша на фејзбук, Отец Бобан Митевски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com