HomeРЕФЛЕКТОРИзложбиИзложба „Портрети на животни“ на Ленче Наумовска од Универзитетот „Евро-Балкан“

Изложба „Портрети на животни“ на Ленче Наумовска од Универзитетот „Евро-Балкан“

Високата школа за моден дизајн при Универзитетот „Евро-Балкан“ во соработка со модната и графичка дизајнерка м-р Ленче Наумовска и дизајнерот на накит Милан Доминик Ненковиќ, кој се јавува како организатор и технички соработник, на 24.07.2016 год. реализираа изложба на фотографии „Портрети на животни“, во Old School Café, во Скопје.

slika3

На изложбата беа претставени триесет и една фотографија на животни од скопската зоолошка градина.

slika

„Преку нивните скаменети портрети се оживува нивната гестикулатија, преку која проникливо продираме во нивната душа, битие и јасно ја гледаме нивната емоција. Во некоја од фотографиите се чувствува потребата за бестрашно приближување до нив. Ова приближување во некои фотографии резултира со мала доза на надреалност и апстрактност“, изјави Наумовска и додаде дека фотографирањето на животни претставува голем предизвик и задоволство.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com