HomeРЕФЛЕКТОРМузикаИзложба во чест на „Ролинг стоунс“ во Лондон

Изложба во чест на „Ролинг стоунс“ во Лондон

Прв пат по многу години од својата кариера бендот „Ролин стоунс“ ќе има своја изложба каде ќе биде претставено целото  нивно творештво. Изложбата е наречена „Егзибиционизам“ и ќе биде отворена утре во лондонската галерија „Сачи“.

Се очекува голема заинтересираност, а самата изложба ќе биде достапна за посетителите до 4-ти септември и за неа веќе се резервирани неколку термини. На самата изложба ќе бидат прикажани повеќе од 550 предемети, кои некои се извадени од приватната архива на членовите на бендот. Експонатите на изложбата ќе бидат изложени на два спрата, во девет тематски целини каде ќе може да се види начинот на кој „Стоунси“ го гледале рокенролот.

Посетителите ќе имаат можност да видат како изгледала гардеробата на бендот, нивните реквизити од бекстејџот, ретки инструменти, оригинални дизајни за сцената, костимите на членовите на бендот, лични дневници, ретки аудио и вдео снимки.

По лондон изложбата се сели во Њујорк, Лос Анџелес и Токио.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com