HomeРЕФЛЕКТОРФилмИзлезе првиот трејлер за „Assassin’s Creed“

Излезе првиот трејлер за „Assassin’s Creed“

Движења од кои ќе ви застане здивот, патување низ времето, скокање по кровови и уште многу други фантастични сцени. Да, тоа секако звучи како „Assassin’s Creed“. Сега конечно излезе и долгоочекуваниот трејлер за филмската адапција на оваа култна видео-игра.

Кога беше објавено дека една од најуспешните видео-игри во историјата, „Assassin’s Creed“, добива филмска адапција и дека за неа ќе бидат ангажирани Мајкл Фесбендер и Марион Котиљар, обожавателите беа воодушевени. Сега конечно излезе и првиот трејлер, во кој Фесбендер ја толкува улогата на Калума Линч, човек од 21 век кој после смртта го живее животот на своите предци. Филмот во светските кино-сали би требало да започне да се прикажува од ова зимо.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com