HomeДЕНЕШНАРепубликаИзгласан предлог Законот за основање на Универзитетот „Дамјан Груев“

Изгласан предлог Законот за основање на Универзитетот „Дамјан Груев“

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 108 седница со 62 гласа „за“ и еден „против“ го донесе Законот за дополнување на Законот за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје.

Предлогот за дополнување е поднесен од пратениците Олга Најденовска и Драган Данев, а предвиздува дополнување на членот седум.

Со овие дополнувања се утврдува наставниот јазик кој согласно предлогот може да биде еден од официјалните јазици на Европската Унија.

Образовната дејност може да изведува наставен кадар од универзитет од првите 500 највисоко рангирани универзитети, а се утврдува и начинот на полагање и оценување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com