HomeДЕНЕШНАСветИзгласан импичмент на Дилма Русеф, потпретседателот Темер седна на нејзината фотелја

Изгласан импичмент на Дилма Русеф, потпретседателот Темер седна на нејзината фотелја

Бразилскиот сенат вчера изгласа отповикување на бразилската претседателка Дилма Русеф заради прекршување на буџетските прописи и малверзации, со што заврши повеќемесечната политичка криза што го парализираше Бразил. Смената на Русеф беше очекувана, но политичката борба сѐ уште не е готова, пренесува агенцијата AP.

Сега веќе поранешната претседателка ги критикуваше сенаторите што гласаа за нејзина смена. „Денеска е денот кога 61 маж, меѓу кои некои се товарат за корупција, фрлија во вода 54 милиони бразилски гласови“, напиша Русеф на својот Твитер профил.

Потпретседателот на Бразил, Мишел Темер кој управуваше со Бразил откако Русеф беше суспендирана во мај, положи заклетва за да може да го доврши нејзиниот мандат до 2018 година.

Инаку, Дилма Русеф беше првата жена претседател на Бразил. Некогашната револуционерка, затвореник во времето на воената хунта, се афирмираше како министерка за енергетика, а потоа и како шеф на кабинетот на претседателот Лула, во чие време на владеење Бразил забележа голем економски раст.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com