HomeДЕНЕШНАПолитикаИзгласани измените во Изборниот законик – спорните гласачи со рок за пријавување

Изгласани измените во Изборниот законик – спорните гласачи со рок за пријавување

Измените во Изборниот законик, согласно договорот постигнат меѓу партиите потписнички на Пржино, беа изгласани околу полноќ во Собранието на Република Македонија. За измените гласаа 92 пратеници, тројца беа против, додека еден се воздржа од гласање.

Измените на Изборниот законик се однесуваат на Избирачкиот список, вклучително и можноста Државната изборна комисија да ги брише оние гласачи од списокот што нема да се пријават во предвидениот рок. Според партискиот договор, рок за пријавување ќе биде даден на 39.502 лица кои се сметаат за спорни.

Покрај тоа, тројца или повеќе членови на ДИК можат да побараат дополнителна проверка за било кое име. Во таков случај, тие членови можат да побараат личноста да се појави лично ако живее во земјата или преку видеоконференција ако живеат во странство. Овие проверки ќе траат дополнителни 10 дена по 25-дневниот период.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com