HomeДЕНЕШНАПолитикаИзбрани нови министри од ДУИ

Избрани нови министри од ДУИ

Со мнозинство од 72 гласа „за“ во Собранието беа избрани новите министри и заменици од ДУИ. Помеѓу нив се најдоа и Беким Максути и Арлин Зекири, за кои претходно премиерот Емил Димитриев, не се потпиша. Во краткото обраќање пред пратениците, Димитриев не кажа зошто се предомисли, ниту пак се осврна на биографиите на министрите и замениците. Тој Нагласи дека ова е влада со ограничен мандат и ги повика на одговорност и почитување кон институциите. Новите министри и заменици ги претстави пратеничката Ермира Мехмети.

Опозицијата остро се спротивстави на изборот. Од СДСМ велат дека се работи за сценарио на владејачките партии, кои ги интересира само личното збогатување, а слична е и тезата на ДПА. Од ВМРО ДПМНЕ, пак, ги поддржаа предлозите, велејќи дека опозицијата е таа која вештачки создава тензии. За заменик во министерството за внатрешни работи е избран Агим Нухиу, во финансии, Гзим Беадини, во Транспорт и врски Фатон Положани, а во одбрана, Беким Максути

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com