HomeДЕНЕШНАСветИзбори во Перу – две лица убиени пред гласањето

Избори во Перу – две лица убиени пред гласањето

Во Перу денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори. За претседателската функција претендираат 10 кандидати, а според анкетите фаворит е Кеико Фуџимори, ќерка на поранешниот шеф на државата Алберто Фуџимори (1990-2000). Околу 23.000 Перуанци ќе избираат исто така 130 пратеника во Конгресот, како и петмина пратеници кои ќе ја претставуваат републиката во Андскиот парламент.

Според резултатите на неколку различни истражувања, за Кеико ќе гласаат меѓу 31,5 и 35,4 проценти од гласачите во денешниот прв круг од изборите, без разлика што нејзиниот татко отслужува 25-годишна казна затвор за корупција и кршење на човековите права. Лидерката на партијата Народна сила успеа да ја добие довербата на голем број граѓани, обидувајќи се да се дистанцира од нејзиниот татко. Неколку дена пред изборите таа вети дека нема да дозволи никогаш да се повторат случувањата од периодот на управувањето на Фуџимори-стариот.

Ден пред одржувањето на изборите најмалку две лица се убиени, меѓу кои и воен претставник, во напад за кој се обвинуваат припадници на маоистичката герилска група, Сјаен пат. Во истиот напад се повредени и тројца припадници на војската во Перу.

Набљудувачите оценуваат дека името на новиот претседател ќе биде познато по вториот круг од изборите, кој ќе се одржи на 5 јуни. Освен Фуџимори, главни претенденти за оваа функција се уште двајца кандидати – економистот од десницата Педро Кучински и Вероника Мендоса, која е кандидат на коалицијата „Широк фронт“.

Гласањето во Перу е задолжително за граѓаните од 18 до 70 годишна возраст.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com