HomeДЕНЕШНАПолитикаИзбирачки список: Рокот тече – недовербата расте, во ДИК пријавени 980 спорни гласачи

Избирачки список: Рокот тече – недовербата расте, во ДИК пријавени 980 спорни гласачи

До Државната изборна комисија (ДИК) до 13:00 часот се пријавиле вкупно 980 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список. Од нив, 289 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 691 за пријавување ја искористиле веб – апликацијата на интернет страницата на ДИК.

ДИК денеска ги објави поднесените пријави по општини. Најмногу пријави има во подрачната единица на ДИК во Чаир 180, потоа во скопски Аеродром 83, во скопски Центар 76, во Кичево 62, во Гостивар 55, во Тетово-52 и скопската општина Карпош – 42.

Аналитичарите се со поделени мислења околу списокот на „фантоми“. Дел од ни сметаат дека списокот ствара конфузија и недоверба со оглед на фактот дека во него се наоѓаат личности познати од општествениот живот. Други пак сметаат дека списокот е нереален и треба да се повлече. Сепак, експертите се согласија за една работа, а тоа е дека ваквата методологија и ваквите списоци не го прочистуваат избирачиот список и не гарантираат фер и демократски избори.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com